Дресот со бројот 10 на легендарниот Пеле кој го носеше во последниот негов натпревар за Бразил вчера беше продаден за 30.000 евра. Тоа е најскапиот предмет на аукцијата која се одржа во Торино. Пеле тој дрес го носеше во пријателскиот меч против Југославија во јули 1971 година, дуелот кој се одигра на „Маракана“ во Рио де Жанеиро.
Меѓу останатите спортски предмети кои се беа на аукција, за 25.000 евра е продаден жолтиот дрес на велосипедистот Фаусто Капи со којшто се тркал на Тур де Франс во 1952 година. Дрес на Диего Марадона исто така се најде на оваа аукција. Од времето кога играше за Наполи, светло-сината маичка со бројот 10 е продадена за 7.500 евра.
Како поинтересен и невообичаен предмет на акуцијата се појави и бејзбол-палката која ја користеше Мајкл Џордан во неговата кратка и неуспешна авантура да биде бејзбол професионалец. Палката се продаде за симболични 425 евра.