Дресот на Адеми од мечот со Вилјареал, скапо ќе биде продаден за хуманитарни цели

Дресовите со кои фудбалерите на Динамо Загреб настапија на натпреварот со Вилјареал во четвртокот, ставени се на аукција, а парите кои ќе се соберат, ќе бидат донирани во хуманитарни цели. Аукцијата трае до 24-ти април, а попрвиот ден, се нудат над 9.000 евра.

Сите дресови се потпишани, а акцијата тече одлично. Засега најскапи се дресовите на Бруно Петковиќ (725 евра) и на капитенот и македонски репрезентативец, Аријан Адеми. Засега цената за дресот на Адеми е 714 евра, но до крајот на аукцијата има уште две недели и цените уште многу ќе растат. Има дресови кои засега може да се добијат за помалку од 200 евра.

Дресот на Стефан Ристовски не е во групата на настапите, ниту кај најефтините, па и за дресот на македонскиот десен бек сигурно ќе се понуди голема сума до 24-ти април.

- Оглас -

Најнови вести