Специјализираниот фудбалски сајт „Спорт360“ направи идеален тим од најдобри изведувачи на слободни удари во историјата на фудбалот, и тоа тим направен според позициите на кои играа тие фудбалери. Интересно е што во овој тим на соништата ги нема Лионел Меси, Андреа Пирло, Кристијано Роналдо, Мишел Платини и многу други играчи кои се изнадаваа голови од слободни удари.
Најдобар голман изведувач на слободни удари е Рожерио Сени и тука нема дилеми.
На бековските позиции се Дарио Срна и Роберто Карлос, а во одбраната Синиша Михајловиќ и Роналд Куман. Тука Србинот е „сомнителен“ бидејќи не играше како централен дефанзивец, туку во среден ред и како крило. Од плејмејкерите за најдобри се ставени: Роналдињо, Зико, Жунињо Пернамбукано и Дејвид Бекам (многумина би ги ставиле Пирло или Платини), додека од напаѓачите се Диего Марадона и Пеле.