Кошаркарската селекција на САД ќе го брани златниот медал во Токио откако во полуфиналето против Австралија славеше со убедливи 97:78.
Дрим-тимот предводен од Кевинд Дурант наиде на проблеми во воведните 10 минути, кои им припаднаа на Кенгурите со 24:18, но тоа само ги налути ѕвездите на Грег Попович, кои во продолжението го засилија темпото и не оставија ништо на случајот. Клучен беше третиот период, кој САД го доби со 32:10, а потоа рутински ја одржуваа предноста од 20+ поени.
Дурант со 23 поени и 9 скока беше најдобар меѓу Американците, го следеше Букер со 20 поени, додека Милс со 15 поени и 8 асистенции беше светлата точка во составот на Австралија.
Второто полуфинале меѓу Франција и Словенија е закажано за 13 часот.