Другарството пред сè: Мане го даде пеналот за титула, но не заборави да го утеши Салах (Видео)

Садио Мане од трагичар се претвори во херој на Сенегал, репрезентацијата која за првпат во историјата стана фудбалски шампион на Африка. Мане промаши пенал во четвртата минута, но затоа го погоди ударот од белата точка во пенал-рулетот, со што Сенегал стигна до континенталниот трофеј.

По победата, Мане се израдува, но набрзо се сети на неговиот соиграч од Ливерпул, Мохамед Салах, кој со неговиот Египет остана да жали по финалето. Мане веднаш дојде до Салах, го прегрна и му кажа неколку утешни зборови.

На овој меч беа ривали, но Мане и Салах веќе од утре повторно ќе бидат соиграчи во Ливерпул.

- Оглас -

Најнови вести