ДЦ јунајтед победи во МЛС-лигата, па се пофали дека има славен навивач

Хокеарите на Вашингтон капиталс на чело со капитенот Александер Овечкин присуствуваа на фудбалскиот натпревар од МЛС-лигата на којшто екипата од Вашингтон, ДЦ јунајтед, го победи Сиетл саундерс со 2-0.

Овчекин и колегите го бодреа тимот од главниот град на САД со надеж дека ќе се пробијат во плејофот. Тимот за којшто настапува Вејн Руни моментно е четврти во Западната конференција и бега 10 бода во однос на осмиот (во разигрувањето влегуваат првите седум).

По натпреварот, Руни, кој имаше една асистенција, Капиталс и Јунајтед направија заедничка фотографија во соблекувалната, а Англичанецот, кој во јануари ќе си оди, се сретна со Овечкин и на хокеарот му подари потпишан дрес од тимот на ДЦ јунајтед.

Во текот на минатата сезона Руни се запозна со Овечкин и присуствуваше на хокеарски меч од НХЛ-лигата. Тогаш Вашингтон го победи Њу Џерси девилс со 6-3, што значи дека инспирацијата да се игра пред познати спортисти од истиот град е голема.

- Оглас -

Најнови вести