Претпоследното, 32-ро коло од Првата фудбалска лига на Македонија ќе биде затворено попладнево со три меча кои немаат резултатско значење, па во Скопје, Куманово и Кавадарци, ќе се игра само за престиж.
Два од трите меча се дел од понудата на Sport Life, а фаворитската улога ја имаат екипите на Башкими и Пелистер.
Во Куманово, Башкими го пречекува составот на Македонија ЃП, а веќе е јасно дека домашните си го обезбедија опстанокот, а „лавовите“ од Ѓорче Петров од следната сезона ќе играат во второлигашката конкуренција.
Слично е и за мечот во Кавадарци, каде Тиквеш, кој веќе има обезбедено опстанок, го пречекува Пелистер, кој ќе се обиде да го стори истото, но преку баражот за опстанок. Битолчани на овој меч се фаворити според квотите во Sport Life, со квота за победа од 2.21, наспроти 2.75 за триумф на Тиквеш.
На третиот меч играат Работнички и Шкупи, две екипи кои следната сезона ќе бидат второлигаши, а јасно е дека се освен убедлива победа на „романтичарите“ ќе биде големо изненадување.


