Духовитиот Кантер уште не заиграл за Бостон, а веќе е омилен кај навивачите

Енес Кантер на претставувањето како нов член на Бостон селтикс ги забавуваше присутните новинари и клупски челници, а веќе е омилен кај фановите на најтрофејниот клуб во НБА и со нетрпение ќе се чека првиот дуел против Бруклин нетс.

Кантер, кој има 27 години и игра на центарската позиција, во Бостон ќе го носи дресот со бројот 11, а во претходните две сезони оваа бројка ја имаше бекот Кајри Ирвинг, кој премина во Бруклин.

„Бројот 11 го носев и во минатото, тоа е мој број. Покрај тоа, сакам да бидам причина никој друг веќе да не го облече овој дрес“, рече Кантер и со насмевка додаде дека морал да го каже тоа иако Ирвинг сигурно нема да го прими овој сеир со задоволство.

Неодамна Ирвинг сними реклама во која го кажува тоа, дека сака да биде причина бројот 11 веќе никој друг да не го носи по него.

Кантер беше расположен за хумор, па влезе во улога на новинар и му постави прашање на Вокер кој ќе ја носи осумката, број што некогаш го носеше ѕвездата Ентоан Вокер. „Колку пати во текот на натпреварот ќе ми ја додаваш топката“, праша Кантер, а олстарот му одговори: „Нула“, по што се насмеа и му рече на Турчинот да признае дека поверувал дека навистина нема да добива топки од Кемба, што секако нема да биде случај.

- Оглас -

Најнови вести