Дуплантис до постави и 15-тиот светски рекорд во кариерата (Видео)

Арман Дуплантис повторно ги помести границите во скок со стап, рушејќи го светскиот рекорд по 15-ти пат. На митингот во сала „Мондо класик“, кој го носи неговото име и се одржува во неговата шведска база во Упсала, двократниот олимписки шампион од прв обид прескокна 6,31 метар.

За Дуплантис ова беше 38-ма последователна победа од август 2023 година, а во тој период светскиот рекорд го подобри дури девет пати. Меѓу тие успеси се и рекордите поставени во последните обиди на Олимписките игри во Париз, како и на Светското првенство 2025 во Токио.

Својот прв светски рекорд Дуплантис го постави во февруари 2020 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести