Дурант би можело да заврши во Селтикс ако Бостон ја подобри понудата

Бруклин нетс и Бостон селтикс отпочнаа преговори околу трејд на Кевин Дурант, но првата понуда од Келтите е сиромашна според тимот од предградието на Њујорк.

Во пакет-понудата ставени се Џејлен Браун и Дерик Вајт, како и иден пик на Селтикс, но од таборот на Нетс дополнително го бараат и специјалистот за одбрана, Маркус Смарт.

Тој предлог засега не е привлечен за 17-кратниот НБА-шампион, па во наредниот период ќе се разгледуваат алтернативи. Инаку Дурант од почетокот на овој месец побара да биде трејдуван за со друга екипа да нападне нов прстен, по двата освоени со Голден стејт во 2017 и 2018 година.

- Оглас -

Најнови вести