Дурант и тројцата членови на Бруклин се излечија од Коронавирусот

Пред околу 15 дена од таборот на Бруклин нетс соопштија дека четворица нивни играчи се заразени со вирусот Ковид-19, меѓу кои беше и ѕвездата Кевин Дурант. По две недели, генералниот менаџер на Нетс, Шон Маркс, донесе убави вести и сподели со јавноста дека сите се успешно излезечни од Коронавирусот.

Целата екипа на Бруклин, вкучувајќи го и стручниот штаб, се наоѓаше во карантин во изминативе денови, а, за среќа, сè помина без последици.

Ширењето на Коронавирусот во НБА-лигата започна од центарот на Јута џез, Руди Гобер, но и тој како и неговиот соиграч Донован Мичел ја надминаа болеста. Убави вести претходно стигнаа и од Бостон и Лејкерс, каде што Маркус Смарт и таинствениот двоец од редовите на Езерџиите исто така успешно се излечија.

НБА-лигата е суспдирана од 11 март и сè уште се бара начин како да се заврши сезоната.

- Оглас -

Најнови вести