Дурант ќе тргне по стапките на Мајк Тајсон

Една од најголемите ѕвезди во НБА лигата, Кевин Дурант реши да започне бизнис кој во последно време е еден од најпопуларните во САД. Дурант ќе одгледува и продава марихуана, бизнис во кој влегоа многу познати ѕвезди.

Легендарниот боксер Мајк Тајсон е најпопуларниот одгледувач на марихуана, а од неодамна во овој бизнис се и актерките Вупи Голдберг, Гвинет Палтроу, пејачот Џеј Зи, како и Дејвид Бекам.

Челниците на НБА лигата од неодамна дозволија кошаркарите да пушат марихуана и тоа не го сметаат за недозволен стимуланс. Уште од претходно марихуаната беше дозволена во бејзболската МЛБ и хокејарската НХЛ во САД. Во 15 држави во САД, продавањето на марихуана е легално и владите во овие држави очекуваат милионски суми од даноците кои треба да бидат платени.

 

- Оглас -

Најнови вести