Нема утка, Дурант се врати по 23 меча и играше како воопшто да не паузирал

Кевин Дурант го одигра првиот меч за Бруклин нетс по пауза од речиси два месецa, а интересно e тоа што иако беше најавен како стартер, Стив Неш во последен момент ја промени одлуката и го остави на клупата за резерви.

Дурант сепак си дочека шанса да игра по 23 меча пауза и постигна 17 поени без промашување. Од поле ефектот му беше со 5 погодени удари од пет обиди, а истиот ефект го имаше и од линијата за слободни фрлања.

Бруклин го декласира Њу Орлеанс пеликанс со 139:111, победа што ги остави на врвот на табелата во Источната конференција.

Популарните Мрежички го чекаат камбекот на Џејмс Харден, кој треба да се врати на паркетот за две недели.

Денвер нагетс игра во одлична форма и ја забележа седмата победа по ред ноќеска против Сан Антонио спарс со 106:96. Никола Јокиќ повторно доминираше со 25 поени, 9 скока и 10 асистенции, а таличен за Денвер се покажа ангажманот на Арон Гордон.

Од неговото доаѓање кај Нагетс, тимот е без пораз и со биланс 6-0 и успеа да се пробие до четвртото место во Западната конференција со шанси и за првото место.

Резултати: Индијана – Минесота 137:141, Орландо – Вашингтон 116:131, Бостон – Њујорк 101:99, Бруклин – Њу Орлеанс 139:111, Атланта – Мемфис 113:131, Хјустон – Далас 102:93, Оклахома – Шарлот 102:113, Денвер – Сан Антонио 106:96, Феникс – Јута 117:113 по продолженија.   

- Оглас -

Најнови вести