19.8 C
Skopje
среда, 29 октомври 2025

Дури 77% од играчите на Спортската прогноза сметаат дека победничката низа на Манчестер јунајтед ќе продолжи и викендов

Tипувањето за новото коло од најпопуларната бесплатна игра во Македонија, Спортската прогноза на Sport Life, е во тек. Се наѕираат и фаворитите кај најголем дел од обложувачите.

Дури 77% од играчите на Спортската прогноза сметаат дека ќе продолжи победничката низа на Манчестер јунајтед. Ѓаволите претстојниот викенд му гостуваат на Нотингам форест, а за првпат оваа сезона се во серија од три победи.

Саботата ни носи уште едно дерби од Премиер лигата, лондонската пресметка меѓу Тотенхем и Челзи, која по сѐ изгледа треба да биде многу поизрамнета. Засега во мала предност се гостите, за кои се одлучиле 37% од оние што досега типувале.

В недела во фокусот е дуелот од Серија А меѓу Милан и Рома, а дури 75% сметаат дека Росонерите ќе стигнат до триумф.

Прогнозерот кој ќе има 13 погодени натпревари на подарок ќе добие iPhone 16. За 12 погодени меча следува вредносен ваучер од 1.000 денари во Sport Life, додека 11-ката носи ваучер од 500 денари. Најдобриот во генералниот пласман ќе добие подарок смарт телевизор самсунг 55“.

Терминот до кој може да типувате е сабота во 15 часот.

- Оглас -

Најнови вести