-2.2 C
Skopje
сабота, 10 јануари 2026

Дури и за нив е прескап: Ништо од трансферот на дефанзивецот на Баерн во ПСЖ

ПСЖ и на стартот од 2026 година продолжи онаму каде што застана во 2025 година, па го освои трофејот од францускиот Супер куп на пенали против Марсеј во Кувајт. Актуелниот освојувач на Лигата на шампионите планираше да ја засили одбраната со одличниот дефанзивец на Баерн Минхен, Дајот Упамекано, на кого му истекува договорот налето, но од тој трансфер нема да има ништо.

Францускиот интернационалец поставил нереални услови, а ПСЖ нема намера да му ја даде бараната плата од 20 милиони евра годишно. Иако „светците“ важат за богата екипа, сепак, во последниот период се обидуваат да направат баланс помеѓу квалитетот и финансиите, а оваа „тактика“ се покажа како и повеќе од успешна.

Според последните информации, Упамекано ќе остане во Баерн Минхен, а „баварците“ ќе му ја дадат бараната плата од 20 милиони евра годишно за продолжување на соработката.

- Оглас -

Најнови вести