Дури седум играчи на Баерн беа дел од „демолирањето“ на Португалија

Германија станува страв и трепет за Португалија, откако петти пат по ред ја победи на големи натпреварувања. И не само што ги победија, туку Панцерите им одржаа лекција на европските прваци. Против ниту една друга селекција Германија нема пет победи по ред на големите натпреварувања.

Ова е последен турнир за Јоаким Лев како селектор на Германија, а потоа неговото место ќе го наследи Ханси Флик. Тоа е стратегот кој во изминативе година и пол го водеше Баерн Минхен со кого ги освои сите најзначајни трофеи. За тоа зошто Флик е доведен на местото на Лев се покажа и на мечот против Португалија.

Четири играчи на Баерн беа стартери, а во вториот дел во игра влегоа уште тројца, што значи дека вкупно седумина баварци беа на теренот против Португалија. Нојер, Кимих, Милер и Гнабри беа во стартниот тим, а како резерви во игра влегоа Горецка, Суле и Сане.

Со денешните четири гола, Германците станаа првата европска репрезентација која ја надминаа бројката од 300 погодоци на големите натпреварувања. Каи Хаверц со 22 години и осум дена стана најмладиот стрелец во историјата на ЕП за Германија.

 

- Оглас -

Најнови вести