Дури шест репрезентации ќе обезбедат директен пласман на СП 2030?!

Аргентина, Уругвај и Парагвај, кои ќе бидат домаќини на привите три од вкупно 104 натпревари што ќе се одиграат на Светското првенство во 2030 година, би можеле директно да се пласираат на Мундијалот, како и главните организатори, Мароко, Шпанија и Португалија, објави денеска Светската фудбалска федерација (ФИФА).

ФИФА првично објави дека само трите официјални организатори на СП 2030, Мароко, Шпанија и Португалија, ќе обезбедат директен пласман на СП, но денеска за новинската агенција АФП навести дека и трите јужноамерикански репрезентации исто така би можеле да ги прескокнат квалификациите.

Доколку ова биде потврдено од страна на ФИФА, тогаш само три репрезентации од Јужна Америка ќе обезбедат пласман преку квалификациите. Уште една селекција од Јужна Америка ќе добие можност да игра на СП 2030 година преку интерконтиненталниот бараж, објасни портпаролот на ФИФА.

Од следното СП, кое ќе се игра во САД, Мексико и Канада, се зголемува бројот на учесници, ќе играат дури 48 репрезентации наместо досегашните 32.

Аргентина е редовен учесник на Светските првенства од 1974 година, Уругвај играше на последните четири, додека Парагвај последен пат настапи на Мундијал во 2010 година.

Аргентина, Уругвај и Парагвај заедно со Чиле првично поднесоа заедничка кандидатура за организација на СП 2030, но подоцна се откажаа во замена за можноста првите три меча од Светското првенство да се играат во овие три земји во чест на јубилејот – 100 години од првото СП кое се играше во Уругвај во 1930 година.

- Оглас -

Најнови вести