Стадионот на Фенербахче им буди убави спомени на Елмас, Алиоски, Велковски, Николов, Муслиу

Стадионот „Шукру Сарачоглу“ во Истанбул на кој утре од 18.30 часот ќе се игра пријателски натпревар помеѓу Турција и Македонија буди пријатни спомени за неколку наши репрезентативци. Се надеваме и утревечер задоволни ќе го напуштат теренот на кој имале радости во минатото.

Дарко Велковски, Бобан Николов и Висар Муслиу беа дел од легендарниот тим на Вардар во сезоната 2017/2018 кога тимот играше во групната фаза од Лига Европа, а во квалификациите за тоа натпреварување во летото 2017 го елиминираше Фенербахче со победа на истиот стадион на кој ќе играме утре.

Што се однесува до Елиф Елмас и Езџан Алиоски, тие го носеа дресот на славниот турски клуб и на „Шукру Сарачоглу“ се чувствуваат како домаќини.

Џани играше само една сезона во Фенер (2022/2023) како позајмен од Ал-Ахли и го освои Купот на Турција.

Елмас од 2017 до 2019 беше член на Фенербахче, и одигра 34 меча во турската Суперлига во дресот на Канаринците, пред да направи трансфер во Наполи.

- Оглас -

Најнови вести