„Душманот“ на Нејмар беше во конфликт и со Меси (Видео)

Нејмар може да добие суспензија од седум меча поради црвениот картон добиен на дуелот против Олимпик Марсеј. ПСЖ загуби со 0:1, а во последните моменти од средбата се случи голем инцидент, по кој дури петмина играчи добија црвен картон. Тројца играчи на ПСЖ и двајца на гостите беа исклучени, а инцидентот посебно го одбележаа Алваро Гонзалес и Нејмар.

Двајцата неколку пати имаа вербален конфликт, а на крајот Брзилецот не издржа и го плесна противнкот во главата. Иако судијата првично не го виде овој удар, благодарение на ВАР-снимката, Нејмар доби црвен картон. Алваро беше обвинет дека го навредувал Нејмар на расна основа и може да добие 10 меча суспензија.

По мечот, Нејмар беше гневен, па дури изјави дека жали единствено што убаво не го натепал Алваро, а играчот на Олимпик Марсеј му возврати дека Бразилецот мора да научи да прими пораз.

За Алваро ова не е прв ваков инцидент. Во сезоната 2015/16, кога играше за Еспањол, Алваро имаше конфликт и со Лионел Меси. На едно од градските дерби-дуели, Алваро неколкупати остро стартуваше врз Меси, па реагираше Аргентинецот. Тогаш започна вербалната расправија. Алваро му се смееше на Меси дека бил низок, но веднаш доби реакција од капитенот на Барселона дека тој не знае да игра фудбал.

„Ха, ха, тоа беше смешно. Таа сезона за краток период одигравме три меча против Барселона. Беа тешки мечеви. Постојано се провоциравме со Меси. Му реков дека е многу низок и дека е како џуџе. Тој ми возврати дека сум слаб фудбалер. И двајцата бевме во право и почнавме да се смееме“, се сеќава Алваро на таа ситуација.

 

- Оглас -

Најнови вести