Холандија и Англија на одличен начин го отворија второто полуфинале на Европското првенство што се игра во Дортмунд. За петнаесетина минути постигнати се два гола, а повторно резултатот е израмнет, 1-1.
Чави Симонс во седмата минута донесе водство за Холандија.
Сепак, предноста на Холанѓаните издржа само десет минути. Беше досуден пенал за Англија поради игра со рака на Дамфрис, тоа беше потврдено и со проверка од ВАР, а Хари Кејн успеа да го реализира ударот од белата точка.