Два непоразени лидери денеска паднаа во Гевгелија

Блокотехна го совлада Работнички со 76:61 во кошаркарското прволигашко дерби, и на првакот му го нанесе првиот пораз сезонава. Во салата „НБ Ноел“ во Негорски бањи, домашните во третата четвртина ја презедоа контролата врз резултатот и со добра одбрана не му дозволија тимот на Марин Докузовски да направи пресврт.

Овие 61 поени се убедливо најнеефикасното издание на Работнички. Досега секогаш даваа 80 или повеќе поени, но со 7 тројки од 32 обиди и 12 двојки од 30 обиди, како и 17 скока помалку од домаќинот, не можеа да се надеваат на успех.

Блокотехна има 7-1, а Работнички 6-1. Наредното коло е на 8 декември, кога Блокотехна ќе игра локално дерби против Кожув.

И ВО ВТОРАТА ФУДБАЛСКА ЛИГА, БЛАГОДАРЕНИЕ НА ГЕВГЕЛИЧАНИ ВЕЌЕ НЕМА НЕПОРАЗЕНИ

Во второлигашката конкуренција во фудбал, Кожуф со головите на Марјан Ристов во 63 и 71 минута, со 2:1 го совлада велешки Борец. Велешани до денеска не знаеја за пораз, но ете таков беше денот, во Гевгелија и околината во ист ден паднаа два непоразени тима. И покрај поразот, Борец 1919 остана прв во втората лига, со пет бода предност во однос на Тиквеш и шест пред Кожуф.

- Оглас -

Најнови вести