Два неславни рекорда за Манчестер јунајтед најмногу благодарение на голманот Онана (Видео)

Манчестер јунајтед остана само со теоретски шанси да се надева дека ќе продолжи во нокаут-фазата од Лигата на шампионите откако одигра 3:3 на гости во Истанбул против Галатасарај.

Турскиот гигант сите три гола ги даде со шутеви упатени надвор од шеснаесетникот, а голманот Андре Онана беше немоќен. Два погодоци беа дело на Хаким Зијех, кој беше и најдобар играч на теренот.

Зијех по еднаш погоди во двете полувремиња и двапати со шутеви од слободен удар. Во двете ситуации голманот Онана не беше на висина на задачата и не реагираше како што се очекува за еден од најскапоплатените голмани.

Во првата ситуација Онана беше фатен „на крива нога“ затоа што очекуваше Зијех да шутира во поблискиот агол, но Мароканецот го измами голманот кој остана немоќно да ја гледа топката како влегува во голот.

 

И за вториот погодок на Зијех вината може да се бара кај Онана, кој едноставно наместо да одбрани, самиот ја втурна топката во сопствениот гол.

Со овие три примени погодоци, Манчестер јунајтед постави два неславни рекорда. Во првите 20 меча во сите натпреварувања, Црвените ѓаволи примија 33 гола, што е најлош биланс во последните 61 година.

Во Лигата на шампионите, Манчестер јунајтед во првите пет меча прими неверојатни 14 гола и е англиски тим со убедливо најлоша одбрана во групната фаза од ЛШ, а има да се игра уште еден меч.

Претходниот рекорд го држеа Манчестер јунајтед од 1994/95 и Тотенхем од 2019/20, кога во групната фаза од ЛШ примаа по 11 гола.

- Оглас -

Најнови вести