Два шута во рамки, два гола за победа на Словачка над десеткуваните Полјаци (видео)

Словачка триумфираше со 2-1 против Полска во нивниот прв меч на ЕП откажувајќи ја фавотирската улога на Полјаците. Двата шута на Словаците во рамките на голот од Шченсни завршија зад неговиот грб, што беше доволно да се освојат премиерните три бода.

Прво Мак во 18-тата минута во одлична соло акција го натера полскиот голман да го постигне првиот автогол во историјата на Европските првенства, а победата ја донесе дефанзивецот Шкрињар во 68-мата минута, покажувајќи ги своите голгетерски квалитети.

Претходно Полска израмни преку Линети само по 30 секунди игра во второто полувреме, меѓутоа исклучувањето на Криховјак на половина час до крајот на мечот беше тежок удар за фавотитот на оваа средба, па ниту Роберт Левандовски не можеше да помогне.

- Оглас -

Најнови вести