На социјалните мрежи се појави една снимка која ја згрози јавноста, а на која се гледа како австралискиот тенисер со хрватско потекло, Бернард Томиќ, е жртва на брутален напад. Двајца го тепаат Томиќ, а трет го снима тепањето кое се случува во близина на домот на австралискиот тенисер.
Контроверзниот Томиќ кој некогаш беше и 17-ти на АТП листата, сега е паднат на 292-ра позиција.
Не е познато зошто Томиќ беше тепан, ниту кога е снимено, а на снимката се гледа како тој се брани од напаѓачите кои го удираат и го навредуваат.
Се шпекулира дека причината за инцидентот е нешто што се случило неодамна на турнир во Истанбул на кој играл 30-годишниот Томиќ и испадна во осминафиналето.
Concerning footage of what looks to be Bernard Tomic at the bottom of this altercation.
Language warning. pic.twitter.com/0FbJtO5cdn
— Val Febbo (@VFebbo96) September 8, 2023