Двајца италијански репрезентативци заразени со корона-вирус

Двајца репрезентативци на Италија  во селекцијата до 21 година се позитивни на корона-вирусот, поради што е неизвесно дали ќе се одигра денешниот пријателски меч против Словенија. Аѕурите гостуваат кај соседот, но по направените тестови, двајца фудбалери биле позитивни.

По ваквиот епилог, целата репрезентација сега е изолирана во хотелот и чека информација дали дуелот кој треба да се игра поплавнево од 17:30 часот ќе биде одложен. Двацата позитивни се асимптоматски, а чудно е затоа што само еден ден претходно кога биле тестирани, тестот покажал дека се негативни.

Денеска се играат и мечеви од квалификациите за ЕП до 21 година, а Македонија во Скопје игра против Шпанија.

 

- Оглас -

Најнови вести