Уште еден доказ дека на бесплатната игра Спортска прогноза нема што да загубите, а може да добиете, се прогнозите на Борјан П. Тој успеа да погоди 11 од понудените 13 предлози на 20-тото коло и на тој начин да освои вредносен ваучер од Sport Life од 500 денари.
Овој ваучер за Борјан е како утешна добивка, ако се знае дека тој беше многу блиску до освојување на мобилен телефон IPhone XS. Тој имаше 6 од 6, но неделните дуели меѓу Селта – Еибар и Сампдорија – Сасуоло не ги погоди. Двете средби ги имаше типувано дека ќе завршат со победа на домаќините, но на крајот двата меча завршија без погодоци. Тоа впрочем беа и единствените два дуели на кои немаше погодоци во ова коло од понудата на Спортска прогноза.
ХРИСТИЈАН СЕ ИЗДВОИ НА ЧЕЛО ВО ГЕНЕРАЛНИОТ ПЛАСМАН
Во Генералниот пласман, Христијан ја зголемува предноста пред останатите ривали. Тој продолжи со константно добрите прогнози, па во ова коло имаше 8 погодоци за вкупно 148 бодови. Зад него се Славе и Николче. Двајцата во ова коло имаа шест погодени средби.
Најдобриот во Генералниот пласман ќе биде добитник на Смарт телевизор 48 инчи, додека подароци ќе има и за оние кои ќе завршат во Топ 5.
Во 14 часот денеска ќе започне новото 21-во коло на Спортска прогноза, па немојте да заборавите повторно да прогнозирате.