Две англиски бомби ја минираа 13-ката на Спортска прогноза

Победата на Њукасл на гости кај Саутхемптон ги изненади грото од прогнозерите во 26-тото коло на Спортска прогноза, кое беше со најмногу учесници досега, точно 1.418, но и едно од најслабите со максимален број погодени натпревари што стигна до бројката 9.

Само 8,53 отсто од прогнозерите типуваа на двојка во Саутхемптон, а малку помало изненадување е победата на Манчестер јунајтед против Манчестер сити во дербито на Премиер лигата, исход што го погодија 24,5 отсто од учесниците во нашата бесплатна игра.

Трите деветки се недоволни за награди, па останува во следното коло да го чекаме првиот добитник на „ајфон“ во втората сезона на Спортска прогноза.

Во Генерален пласман на врвот нема промени, а веќе подолг период лидер е Христијан Т. по ова коло со 185 поени. Разликата во однос на конкурентите е комотна и двоцифрена и изнесува 13 поени, па може да се каже дека Христијан има предност од едно коло во однос на најсериозните ривали за главната премија ТВ Смарт од 48 инчи, што ќе му се додели на шампионот на крајот од втората сезона на Спортска прогноза.

Веќе од утре очекувајте нè со новото коло на Спортска прогноза и нов предизвик да се погодат 13+2 пара во трката за убави награди што ги доделува Sport Life.

 

 

- Оглас -

Најнови вести