Две сигурици: На едниот меч сигурно ќе има барем три гола, другиот треба да е „бетон“ од 0-2

Понеделник делува како „мирен“ ден кога се работи за обложувањето, но секако дека и денеска има интересни мечеви кои се вистински предизвици да се пронајдат вистинските прогнози.

Од денешната понуда, има два меча на кои традицијата е многу интересна и ако се повтори тоа што најчесто се случува, има две „сигурици“. Во романското првенство, Клуж е домаќин на Сепси. Двата тима се во горниот дел од табелата и може да се очекува интересен дуел.

Во последните три и пол години овие два клуба одиграле точно 10 меча, а дури на девет на крајот немало повеќе од два гола, односно било од 0-2 погодоци. Во овој период, дури осум средби завршиле и со комбинацијата НГ, односно еден од двата клуба да не постигне погодок. За похрабрите кои веруваат во досаден меч без погодоци, дури шестпати било од 0-1 гол.

Во Турција, Анката е домаќин на Фенербахче, а тука традицијата вели дека погодоците треба да бидат гаранција и тоа да биде барем 3+. На 12 од последните 14 меѓусебни дуели било барем со три гола на средбите на овие клубови во последните 13 години. Дури 11 пати било ГГ ситуација, а 10 пати било ГГ3+.

- Оглас -

Најнови вести