Двојка на вечерва! Интер во Фиренца ќе руши „7 години несреќа“

Со надеж дека ќе преноќи како лидер во Серија А, Интер вечерва гостува во Фиренца против Фиорентина. Нераѕурите се на два бода зад водечкиот Милан, па со три поени на гостите вечерва на „Артемио Франки“, ќе дојде до промена на лидерското место.

Интер е во комплетен состав, додека кај Фиорентина ќе фалат суспендираните Миленковиќ и Кастровили. Кога играат овие два тима во Фиренца, возбудувањата не изостануваат. Има голови, но и многу жолти и црвени картони. На последните шест средби во Фиренца меѓу овие ривали имало вкупно 25 погодоци (просек од над четири погодоци на натпревар), но и три црвени картони, како и дури 40 жолти картони.

Тоа што влева доверба кај домаќините  е фактот дека Фиорентина дома нема пораз од Интер цели седум години. Во последните седум средби на овој терен, домаќините се радувале три пати, а четири средби завршиле нерешено. Кај Интер веруваат дека вечерва треба да се стави крајот на „седум години несреќа“ на „Артемио Франки“ и гостите ќе атакуваат на трите бода.

Резултати на последните 8 средби

јануари 2021 Фиорнетина – Интер 1:1

декември 2019 Фиорентина – Интер 1:1

февруари 2019 Фиорентина – Интер 3:3

јануари 2018 Фиорентина – Интер 1:1

април 2017 Фиорентина – Интер 5:4

февруари 2016 Фиорентина – Интер 2:1

октомври 2014 Фиорентина – Интер 3:0

февруари 2014 Фиорентина – Интер 1:2

 

- Оглас -

Најнови вести