Е ова е честење, Влаходимос и Дијас ја осакатија Бенфика (Видео)

Бенфика претрпе фудбалски шок на свој терен во дуелот со Белененсеш, одигра само 2-2, а главни виновници за сензационалното реми се голманот Влаходимос и одбранбениот играч Дијас, кои само за две минути направија две катастрофални грешки, по кои гостите израмнија и освоија бод.

Грчкиот репрезентативец Влаходимос имаше невиден кикс, откако ценеше дека топката од слободниот удар на Вијана ќе оди покрај голот, не реагираше и прими смешен гол.

Само 120 секунди подоцна, во 70-тата минута и Дијас направи голем кикс, кусо ја врати топката кон својот голман, а Кикас лесно погоди и израмни на 2-2.

Головите од мечот можете да ги погледнете ОВДЕ.

По ремито, Бенфика остана лидер во португалското првенство, но сега има еднаков број бодови како и големиот ривал Порто.

 

 

- Оглас -

Најнови вести