Еден Канте е доволен да се совлада Кристал Палас

Челзи со минимални 1-0 беа подобри на гостувањето против Кристал палас. Средбата која се одигра во рамките на 20. коло во Премиер лигата, „сините“ на Маурисио Сари ја забележаа 13-тата овосезонска победа, воедно ја прекинаа мини-серијата на „орлите“ со позитивни резултати.

Мечот на „Селхурст парк“ го реши Нголо Канте во 51-та минута. Францускиот фудбалер одлично ја прими топката во казнената зона на домаќините по додавањето на Луиз, и го постигна својот трет погодок сезонава во шампионатот. Гостите и во првиот дел можеа да ја затресат мрежата на Гуајита, но во два наврати дирекот ги спасуваше Палас.

Челзи сега има 43 бода, еден помалку од третопласираниот Сити и два бода помалку од Тотенхем. Кристал палас останува на 14-тото место со 19 бода.

https://www.dailymotion.com/video/x6zqxvl

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести