Еден месец беше доволно да ги покаже квалитетите и да потпише нов договор со МЗТ Скопје Аеродром

Американецот Феми Олуџоби и во следата сезона ќе го носи дресот на МЗТ Скопје Аеродром, откако денеска беше договорена соработка. Олуџоби е крилен центар, кој во Аеродром дојде во февруари годинава и за нецел месец, до прекинот поради пандемијата со корона-вирусот, успеа да ги покаже своите квалитети.

Олуџоби настапи на три средби во АБА2-лигата со просек од 16 поени и осум скока, како и на два меча во Првата лига во кои просечно реализираше 16,5 поени и пет скока. Пред да дојде во „Јане Сандански“, тој неколку месеци одигра во Литваниј,а и тоа за екипата на Лиеткабелис, а претходно, во американската НЦАА-лига, настапуваше за Оукленд колеџот, АиТ универзитетот од Северна Каролина и за универзитетот Депол.

Тој е седми сигурен кошаркар во ростерот на тренерот Ѓорѓи Кочов за новата сезона, откако претходно беа обновени договорите со капитенот Дамјан Стојановски и Андреј Маслинко, беа ангажирани Филип Бакоч и Адем Мекиќ, додека од минатата сезона договорни обврски имаат уште и Андреј Магдевски и Бојан Крстевски.

- Оглас -

Најнови вести