Фановите на Интер се потресени од веста дека еден од челниците на нивната навивачка група вчера го убил својот пријател, кој исто така беше еден од водачите.
Убиецот е 49-годишниот Андреа Берета, а почина неговиот 36-годишен пријател Антонио Белоко.
Според информациите од Италија, откако играле мал фудбал, дошло во кавга помеѓу нив и кога влегле во автомобил, Белоко испукал куршум во ногата на Берета, а овој „во самоодбрана“ и како што рекол, „немав друг избор“, му го пресекол грлото со нож, што било фатално за Белоко, кој имал криминално минато, одлежал затворска казна за врски со организирана мафијашка група во Калабрија.
Убиецот и убиениот биле пријатели, ги има заедно на многу фотографии, а се сликале и пред партијата мал фудбал, по која дошло до убиството.