Едерсон пливаше во празно, Перу го совлада Бразил (Видео)

Перу го победи Бразил со 1-0 во пријателски меч во Лос Анџелес, со што селекторот Рикардо Гарека стана еден од ретките стручњаци, а прв од Перу, кои може да се пофалат дека двапати го победиле големиот Бразил. Стрелец на голот беше Луис Абрам во 85-тата минута, откако ги натскока сите, а го измами и голманот Едерсон.

Ова е мала одмазда на Перуанците за поразот од Бразил во финалето на годинешната Копа Америка. Селекторот Гарека се израдува на триумф над големиот противник и пред три години на Копа Америка.

Деби во сениорскиот тим на Бразил имаше Винисиус, кој влезе во 74-тата минута на местото на Ришарлисон, а половина час одигра и првата ѕвезда Нејмар. За Перу ова е само петта победа во 46 меѓусебни дуели со Бразил, додека за селекторот Тите ова е трети пораз (загуби и од Аргентина во пријателски меч и од Белгија на ланското СП). За Бразилците заврши серијата од 17 меча без пораз.

https://www.youtube.com/watch?v=IBqT1XUnJVE

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести