Един Џеко спаси навивач од обезбедувањето, а потоа се фотографираше со него (Видео)

Репрезентацијата на Босна и Херцеговина вечерва беше поразена од Холандија со 5-2 во меч од Лигата на нации, а после завршувањето на натпреварот, еден навивач на гостите втрча на теренот во обид да дојде до фотографија со босанските фудбалери.

Сепак, тој не успеа во својата намера и беше совлада од обезбедувањето, а капитенот на Босна и Херцеговина, Един Џеко, кога виде што се случува, веднаш се обиде да му помогне на човекот и да го ослободи од обезбедувањето, се со цел да не биде повреден.

Кога навивачот се исправи на нозе доби и селфи фотографија за спомен со Един Џеко.

- Оглас -

Најнови вести