Единствен ваков случај, Реал Мадрид има дури пет репрезентативни „10-ки“

Дрес со број 10 има посебна тежина во фудбалскиот свет, „десетката“ често е асоцијација за најдобрите, најголемите, бројот 10 го носеа и славните Пеле и Диего Марадона, а вчера и денеска дури пет играчи на Реал Мадрид носеа десетка на грбот на дресот.

Станува збор за Французинот Килијан Мбапе, Хрватот Лука Модриќ, Бразилецот Родриго, Англичанецот Џуд Белиннам и Брахим Дијаз кој игра за Мароко.

Во Реал честа да го носи дресот со овој број 10 ја има највозрасниот меѓу нив, Лука Модриќ, а кога тој ќе ја заврши кариерата, ќе има борба кој да го наследи.

- Оглас -

Најнови вести