Единствениот Американец што на фер начин трипати победи на „Тур де Франс“ се бори со леукемија

Легендарниот американски велосипедист Грег Лемонд објави дека боледува од леукемија и, за среќа, се работи за вид на болест што може да се лекува.

Лемонд е единствениот Американец што на фер начин трипати победи на легендарната трка „Тур де Франс“, во 1986, 1989 и 1990 година, откако на Ленс Армстронг и на Флојд Лендис им беа поништени титулите и победите на трката поради допинг.

„Чувствував замор во последно време и морав да заминам на преглед. Ми открија хронична леукемија, но, за среќа, може да се лекува и не е опасна по живот. Никој не сака да чуе вест дека има карцином, но важно е што е откриен навреме и може да се победи. Подготвен сум да се борам и верувам дека се ќе биде в ред“, изјави 60-годишниот Лемонд.

 

- Оглас -

Најнови вести