Десеттото коло донесе една 11-ка на Спортска прогноза, па Венко П. на својата СЛ картичка ќе добие ваучер од 500 денари.
Најуспешниот прогнозер викендов точно погоди исходи на 11 меча од основната понуда, а утна само кај бундеслигашките дуели во саботата: Вердер – Келн и Баер Леверкузен – Борусија Дортмунд.

После десет рунди од осмата сезона на бесплатната популарна игра, во генералниот пласман води Владо С. со 70 поени, пред Трајчо Ј. со 69 и Драган С. со 66. Победникот во генералнниот пласман на крајот на сезоната ќе добие подарок ТВ Самсунг 55”.
Утре стартува типувањето за новото коло и тоа ќе биде нова шанса да добиете iPhone 16, ваучер од Sport Life од 1.000 денари или ваучер од 500 денари, ако погодите 13, 12 или 11 парови.

