Една, ама вредна и брилијантна акција му ја донесе европската титула на Челзи (Видео)

Челзи ја слави втората европска титула во третото финале во Лигата на шампионите, а навивачите на клубот од Лондон ги слават двајцата херои, Мејсон Маунт и Каи Хаверц.

Една, ама вредна и брилијанта акција за победа изведе дуото на Челзи во 42. минута за погодок што го реши финалето против фаворизираниот Манчестер сити.

Маунт на прекрасен начин со дол пас го исфрли сам Хаверц пред голманот Едерсон, а Германецот од втор обид ја затресе мрежата на Манчестер сити.

Тоа беше единствениот гол на финалето во Лигата на шампионите што му ја донесе на Челзи втората европска круна во третото финале. Сините од „Стемфорд Бриџ“ беа прваци и во 2012 година кога го победија Баерн на пенали, откако на ист начин по удари од белата точка го загубија првото финале во 2008 година против Манчестер јунајтед.

Вечерва избраниците на Томса Тухел беа подобри току за еден гол, а Манчестер сити, кој беше фаворит во обложувалниците разочара. Челзи беше поконкретен и залужено ја слави втората европска круна.

За Сити ова беше прво финале во Лигата на шампионите и ќе мора да чекаат нова шанса за првиот трофеј во најсилното европско клупско натпреварување.

 

- Оглас -

Најнови вести