16.8 C
Skopje
сабота, 22 ноември 2025

Едниот од Американците кои добија македонски пасош, го чека пауза од три месеци

Новопечениот натурализиран македонски кошаркар, Нејт Сестина, ќе има операција на зглобот на раката и му претстои пауза од околу три месеци.

Ова значи дека Сестина кој се најде на списокот на селекторот Марјан Илиевски за мечевите со Азербејџан и Република Ирска, дефинитивно отпаѓа, а од Американците со македонски пасош ќе може да игра бекот Омари Мур од Валенсија или крилниот центар Џејкоб Вајли кој настаува за литвански Ритас.

Мур вчера против Црвена ѕвезда постигна само 3 поени, но имаше и 7 асистенции и пет скока за 21 минута на терен.

Вајли пред четири дена играше меч од Лигата на шампионите на ФИБА против Легија Варшава и имаше 10 поени и седум скока за 22 и пол минути.

- Оглас -

Најнови вести