Едно писмо кое открива каков бил Мино Рајола, а никој тоа не го знаел

По неколкумесечна борба со болеста, вчера почина најпознатиот и најконтроверен фудбалски агент Мино Рајола. Популарниот Мино имаше само 54 години, а почина во болницата во Милано. Тој бешзастапник на голем број фудбалски ѕвезди меѓу кои беа и Златан Ибрахимовиќ, Пол Погба, Ерлинг Халанд, Матијс де Лихт…

За тоа каков бил Рајола, а никој не знаел, преку писмо на соцојалните мрежи откри директорот на Салернитана Валтер Сабатини. Токму Сабатини во својата фудбалска кариера во Сампдорија, Рома, Болоња и Интер, имал и конфликтни ситуации со Рајола, но по смртта на Мино, беше откриено нешто што никој не го знаел.

„Мино, немаше да ми дозволиш да го кажам ова ако беше жив, затоа што ќе се кренеше голема прашина како и секогаш кога беше ти во прашање. Многу сме се карале со Мино, но не можам да го заборавам моментот кога бев речиси смртно болен. Тогаш се јави на мојата жена и се понуди да го плати моето лекување во Америка. Тоа беше неверојатен чин на великодушност, нешто што не мораше да го направиш, а го направи. Ти благодарам Мино“, објави Салернитана, а во потпис на објавата стоеше името на Валтер Сабатини.

Сабатини кој е долгогодишен страствен пушач, во 2018 година имаше сериозни здравствени проблеми и мораше да биде хоспитализиран во болницата во Рим.

- Оглас -

Најнови вести