Едуард Кокшаров веќе не е селектор на Русија

Едуард Кокшаров си поднесе оставка од селекторската функција во рускиот национален тим, откако на Европското првенство, Русија ги загубија сите три меча и испаднаа уште по првата фаза.

Спортскиот директор на РК Вардар, до неодамна работеше како тренер и во Вардар, а сега не е ниту во стручниот штаб на македонскиот и европски првак, ниту во селекцијата на Русија. Целта на Русите била пласман на Олимписките игри во Токио и тоа не е остварено.

„Не ја остварив зацртаната цел и затоа веќе не можам да останам селектор. Со цело срце сакав да успееме. На тимот му посакувам многу успех во иднина, сигурен сум дека победите ќе дојдат. Благодарност до федерацијата која ми овозможи добри услови за работа“ – изјави Кокшаров.

- Оглас -

Најнови вести