Едвардс изведе еден од потезите на сезоната во НБА лигата и беше творецот на пресвртот (Видео)

Минесота славеше над Мемфис со 118:103 во НБА меч на кој во второто полувреме „се разбуди“Ентони Едвардс и беше најзаслужен за победа на домашниот тим. Минесота губеше со пет разлика на полурвеме, исто беше заостанувањето и по три четвртини, но во решавачкиот период, домашниот тим заигра многу подобро и ја доби последната четвртина со 37:17 за убедлива победа на крајот.

Едвардс беше предводник во победничкиот тим со 28 поени, од кои 26 постигна во второто полувреме. Посебно атрактивно беше едно забивање и тоа во моментите кога неговиот тим ја бркаше предноста на противникот.

Кај Минесота која го има ннајдобриот биланс на Западната конференција, одлични беа и Руди Гоберт со 17 поени и 10 скока, Наз Реид постигна 20 поени, а Мајк Конели заврши со 17 поени и 10 асистенции. Минесота сега има скор од 30 победи и 11 порази, па до крајот на сезоната ќе се обидат да го достигнат клупскиот рекорд од 58 победи во една сезона, постигнат во сезоната 2003/04. Тоаа сезона тимот играше и во финалето на Западната конференција.

Резултати: Њујорк – Вашингтон 113:109, Торонто – Чикаго 110:116, Јута – Оклахома 129:134, Минесота – Мемфис 118:103, Сакраменто – Индијана 121:126.

- Оглас -

Најнови вести