Ефектот Раниери: Само две екипи имаат повеќе сочувани мрежи од Сампдорија

Клаудио Раниери во октомври минатата година ја презеде клупата на Сампдорија потпишувајќи договор до 2021 година. Во тој период тимот од Џенова беше на последното место на табелата во Серија А. Искусниот италијански стратег од тој момент со полна пареа работи да ја одржи Сампдорија во елитата, а една статистика потврдува дека е на добар пат да ја комплетира мисијата.

Имено, откако Раниери е тренер на Сампдорија, во топ 5 лигите во Европа само две екипи имаат повеќе сочувани мрежи од нив. Тоа се Реал Мадрид со 7 меча без примен гол и актуелниот европски првак Ливерпул со шест меча со празна мрежа. Сампдорија во пет наврати успеа да не прими гол сметајќи го и вчерашното реми на „Сан Сиро“ против Милан.

Не е лошо за екипа која се бори за опстанок.

- Оглас -

Најнови вести