Ефикасноста на дело: Аталанта е страв и трепет во Италија

Аталанта ја оствари осмата победа во девет меча откако продолжи сезоната во Серија А, во Бергамо со убедливи 6-2 го нокаутираа тимот на Бреша. Божицата не размислува за стоп кога се во прашање победите, по новиот позитивен резултат имаат амбиции да му ги поматат сметките на Јувентус во походот кон титулата.

Пашалиќ рано ја отвори средбата, за 1-0 погоди уште во втората минута, за подоцна да се радува на хет-трик. Во првиот дел погодуваа уште Де Рун, Малиноски и Запата, а откако Хрватот ги реши дилемите до 58-та минута, Спалек ги постави конечните 6-2 на десетина минути пред финишот.

По 33 натпревари во Калчото, Аталанта уште еднаш потврди дека е најефикасна екипа со 93 погодоци, и засега стои на второто место со 70 бода, два повеќе од Интер и Лацио кои пак имаат натпревар помалку.

- Оглас -

Најнови вести