Египетскиот фудбалски сојуз денеска побара од Светската фудбалска федерација (ФИФА) да биде домаќин на натпреварите во една од групите на Светското првенство, кое во 2034 година ќе се игра во Саудиска Арабија.
Обраќајќи му се на претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, на Генералното собрание на Африканската фудбалска конфедерација Каиро, претседателот на Египетската асоцијација, Хани Абу Рида, рече дека се надева дека ФИФА ќе ја удостои земјата со тоа што ќе им додели организација на една од групите.
Египет беше првата африканска репрезентација која учествувала на едно СП во фудбал, тоа се случи на Мундијалот во Италија во 1934 година, па на 100-годишнината би сакале да се коорганизатори.
Саудиска Арабија беше единствениот кандидат за домаќин на Светското првенство во 2034 година и ќе биде третата арапска земја домаќин на Светското првенство, по Катар во 2022 година и Мароко, кој ќе биде кодомаќин на турнирот во 2030 година заедно со Шпанија и Португалија.