Египетска фудбалска легенда тврди дека Салах не е среќен во Ливерпул

Египетската фудбалска легенда Мохамед Абутрика тврди дека Мохамед Салах не е среќен во Ливерпул и нема да биде изненадување ако си замине по завршувањето на сезонава.

„Се слушнав со Салах по повод неговиот статус во Ливерпул и тој е растроен. Тоа не му влијае на играта на теренот, но не е среќен во Ливерпул. Тој ми ги кажа причините поради кои не е среќен, но тоа е тајна меѓу нас. Не можам јавно да зборувам“, вели Абутрика, кој сепак откри што го мачи неговиот пријател.

„Една од работите кои го разочараа е што тој не беше капитен на мечот со Митјиланд. Бруно Фернандеш само пред неколку месеци потпиша за Манчестер јунајтед и одлично го третираат, ја доби дури и капитенската лента, зошто Ливерпул не се однесува така кон Салах? Тој е нивен главен играч, а никогаш не му дозволуваат да биде капитен“, откри Абутрика.

Салах сезонава има 13 гола на 13 меча во Премиер лигата. Според египетски новинар, за 28-годишниот Салах се интересираат Реал Мадрид, ПСЖ и Манчестер сити, а бидејќи на Ливерпул му требаат пари, би го продал на тој клуб што ќе понуди најмногу. Салах во Ливерпул е од 2017 година.

- Оглас -

Најнови вести