32.8 C
Skopje
вторник, 15 јули 2025

Египетски репрезентативец доживеа инфаркт среде натпревар, срцето „му застанало“ на еден час (Видео)

Египетскиот репрезентативец Ахмед Рефат (30) доживеа инфаркт на вчерашниот дуел од домашниот шампионат меѓу Футуре и Ал-Итихад и сè уште се наоѓа во критична состојба.

Неговиот клуб Футуре објави дека срцето на Рефат „застанало“ на еден час.

„Срцето на Ахмед Рефат застана на повеќе од еден час и покрај сите обиди за реанимација што ги презедоа медицинските лица на стадионот, по што потоа брзината на отчукувања на срцето постепено се подобруваше. Сепак, неговата состојба сè уште не е стабилна, клубот ја следи ситуацијата“, објавија од Футуре.

Рефат колабира на теренот во 89-тата минута од мечот, а во помош веднаш притрчаа двајца играчи на противничкиот тим Ал-Итихад, по што пристигнаа и медицинските екипи, а натпреварот беше прекинат.

https://twitter.com/i/status/1767304446923473086

 

- Оглас -

Најнови вести