Натпреварот од второто коло од ЕХФ-лигата на шампионите меѓу Вардар 1961 и Елверум што требаше да се одигра на 24 септември 2020 година во Скопје Е ОДЛОЖЕН.
Рестрикциите од страна на Норвешка поврзани со патувањето на тимот на Елверум во Скопје и потоа задолжителното задржување во карантин по враќањето во земјата се причина за одложување на натпреварот.
Во писмото од ЕХФ до клубовите се вели дека и претходно целта била да нема долго задржување на екипите во карантин, особено не во ЕХФ-лигата на шампионите, каде што сезоната во групната фаза треба да трае до крајот на февруари 2021 година. ЕХФ ќе остане во контакт со клубовите и ќе работи на дефинирање нов датум на одржување на средбата.