Европската ракометна федерација преку соопштение им одговори на Хрватите и на нивниот селектор, Дагур Сигурдсон. ЕХФ призна дел од пропустите, но направи и споредба со шампионатите кои се одигра во 2018 и 2025 година во Хрватска, потенцирајќи им дека тогаш не им било проблем да патуваат од базата која сами си ја одбрале.
„Европската ракометна федерација ги признава критиките поврзани со распоредот на натпреварите на првенството. Распоредот за ЕХФ ЕУРО се утврдува заеднички меѓу организаторите и ЕХФ, значително пред почетокот на шампионатот.
Во процесот на донесување на оваа одлука се вклучени сите релевантни засегнати страни, односно Бордот на нации, кој ги претставува националните федерации. Распоредот им е познат на сите селекции најдоцна со ждрепката за завршниот турнир, повеќе од шест месеци пред почетокот на натпреварувањето.
Се признава дека тимовите кои доаѓаат од Малме се соочуваат со покомплицирана ситуација. Сепак, мора да се напомене дека и на претходни првенства тимовите се соочувале со слични распореди, на пример на ЕХФ ЕУРО 2018, кое беше организирано од Хрватска.
За хотелот на селекциите во Силкеборг, ЕХФ и организацискиот комитет досега имаат добиено исклучиво позитивни повратни информации. Силкеборг беше избран како хотел за хрватската делегација со цел да се обезбедат идентични услови за двата полуфиналисти кои се соочуваат меѓусебно – Германија и Хрватска. Хрватската делегација беше дополнително информирана за ова во средата навечер.
Малку подолгите патувања на меѓународни првенства не се невообичаени. На Светското првенство за мажи 2025 под покровителство на ИХФ, Хрватска беше сместена во Карловац, од каде што патуваше во Загреб за своите натпревари.
Медиумскиот распоред за сите селекции, како што е утврден од Европската ракометна федерација, им се соопштува на тимовите значително однапред.
По завршувањето на ЕХФ ЕУРО 2026, Европската ракометна федерација заедно со организаторите внимателно ќе ја анализира организацијата на шампионатот и ќе ги извлече соодветните заклучоци.“ – се вели во соопштението на ЕХФ.

